Османи: Да не се дефокусираме сега, кога сме во финале

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на Фејсбук повика на собраниската зедница за уставните измени што е закажана за петок, 18 август да се надмине последната пречка за отворање на преговарачките поглавја.

“Не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани, собраниската седница за уставни измени. Со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации.
Моментот е сега!” – напиша Османи.