ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и рано попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови.

Дневните температури ќе се движат од 23 до 30 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен дожд и дневна температура до 29 степени.

И во наредните денови ќе имаме сончево и топло време со температури до 30 степени. Само во сабота во попладневните часови се очекува наоблачување и краткотрајни локални поројни врнежи од дожд.