Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Османи: Ние ги добивме трите важни прашања за нас

Сподели:

 

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, во Софија го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

 

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

Имавме три важни прашања за нас и тоа – јазикот, историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата и да почнат преговорите сега. Трите ги добивме. Република Бугарија доби условување на втора меѓувладина конфреренција со уставни измени. Тоа е компромисот, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

-“Ги нотиравме сите активности и проекти кои произлегоа од работните групи, активностите поврзани со Коридорот 8, соработката во туризмот, културата итн.
– Го потпишавме Протоколот, кој претставува записник од состанокот на Комисијата кој ќе ни овозможи засилен ангажман во унапредување на билатералните односи.
– Добивме цврста поддршка за нашите европски интеграции, која ќе се реализира утре и задутре во Брисел, преку одржување на Првата Меѓувладина конференција, почеток на скрининг процесот и старт на преговорите”, изјави министерот Бујар Османи.
Сподели: