Вести Македонија Ударни вести

Османи: Пред нас е историска година

Сподели:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи по денешната средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, порача дека следниот период може да биде клучен за спорот со името со Грција.

„Ние сме свесни дека пред нас е историски момент, особени наредните шест месеци. Најважно е нашата земја да има прогрес. Ги решивме проблемите со Бугарија, а сега верувам дека тоа ќе се случи и со Грција. Мора да создадеме позитивна атмосфера за да најдеме најдобро решение. Постојат повеќе солуции, но чекаме да дојде медијаторот Нимиц подоцна овој месец“, порача Османи по средбата.

2018 година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја, и, како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса.

Тој додаде дека во Македонија постои јасно изразен оптимизам за затворање на ова прашања и изрази надеж, дека, заедно со позитивните сигнали кои доаѓаат и до страна на Грција, ова прашање конечно ќе биде надминато.

– Имаме исклучителен напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества – истакна Османи, додавајќи дека само преку создавањето искрена атмосфера на доверба може да се надминат отворени прашања.

 

Сподели: