Вести Изјави Македонија Ударни вести

ФИЛИПЧЕ: Во следните недели очекуваме да пристигнат 100.800 вакцини преку Ковакс системот

Сподели:

 

Се наоѓаме во екот на третиот бран од почетокот на пандемијата – бележиме раст од нешто повеќе од 5.000 активни случаи во последниот месец, 1100 хоспитализирани пациенти низ државата.
 
– Подготвени сме за прилагодување на капацитетите и отоврање на нови според планот за менаџирање на болничките капацитети кој одамна е утврден за овие услови.
 
Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане иста се додека да го даде потребниот резултат – за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира во почетокот од следната недела.
 
– Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница, случајот со родилката од Дебар дополнително ќе го анализира Комисија во состав од 5 членови – директорите на Клиниките за урологија, КАРИЛ, ГАК, директорката на ДСЗИ и истите ќе треба да направат анализа на случајот.
 
– Успешно тече вакцинацијата на здравствените работници и заклучно вчера имаме 5.300 вакцинирани здравствени работници – преку 130.000 пријавени граѓани за вакцинација.
 
– Во следните недели очекуваме да пристигнат 100.800 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека – сеуште го очекуваме датумот за испорака.
 
– Сите вакцини за кои ќе биде утврдено дека треба и може да се аплицираат кај нас ќе бидат целосно безбедни и проверени од меѓународните институции и граѓаните може со целосна доверба да се вакцинираат.
Сподели: