Осминафинални натпревари во Лигата на Шампионите 2017

Сподели

Вечерва започнува осминафиналето на Лигата на Шампионите со натпреварот меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд во Лисабон и ПСЖ и Барселона во Париз.

Двата натпревари ќе се одиграат во 20:45 часот, додека во првите средби во осминафиналето од утре, 15 февруари, силите ќе ги одмерат Реал Мадрид – Наполи и Баерн – Арсенал.

Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Монако ќе се сретнат на 21 февруари, еден ден подоцна, Порто ќе биде домаќин на Јувентус, додека пак Севиља на Лестер.

Реваншот на осминафиналето ќе се одигра на 7, 8, 14 и 15 март. Ждрепката за четвртфиналето е на 17 март.

Титулата победници од минатата сезона ќе ја брани Реал Мадрид.