Амбасада на САД: Добредојдени се сите прашања од Конгресот

Сподели

Добредојдени се сите прашања од Конгресот, се вели во одговорот на амбасадата на САД во Македонија на писмото на американскиот сенатор Мајк Ли упатено до американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли.

„Добредојдени се прашањата од Конгресот и можноста да обезбедиме информации за нашите активности и контекстот во кој работиме за да ги постигнеме целите на надворешната политика на САД“, се вели во одговорот од амбасадата.

 

Американскиот сенатор Мајк Ли се обрати со писмо до американскиот амбасадор во Македонија да појасни која била улогата на амбасадата во формирањето на новата Влада, како и вмешаноста на Фондацијата Институт за отворено општество и имплементациите на УСАИД програмите.

„Ова е критично време за Македонија, додека избраните функционери преговараат за нова Влада по парламентарните избори кои се одвиваа изминатиот декември. За жал, добив кредибилни извештаи дека мисијата на САД во Македонија активно се мешала во политиката на Македонија како и во формирање на медиумската средина и граѓанско општество, често фаворизирајќи групи од едно политичко убедување пред други. Овие извештаи се обесхрабрувачки и доколку се точни, тогаш се навистина проблематични“, се вели во писмото.

Meta.mk