Вести Македонија Ударни вести

Осомничена 17 годишна девојка за убиство на 16 годишно момче

Сподели:

 

Основното јавно обвинителство Тетово, до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ.

Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години, информираат од ОЈО.

По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели: