Вести Македонија Ударни вести

Потпишан Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу РС Македонија и Чешка

Сподели:

 

Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешката Република во РС Македонија, Јарослав Лудва потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.

 

 

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми -8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор Влада со Влада (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.

Сподели: