Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Милошоски: Рахиќ да поднесе оставка за комуникација спротивна на законот и притворот

 

“Во моментот кога лице/функционер (СЈО Катица Јанева) е во притвор, тоа лице не смее директно да комуницира со други лица и институции, освен со својот бранител или преку него. Затоа е мерката притвор. Особено не смее да комуницира со институцијата или вработените на кои може да влијае, кои може да бидат сведоци, а таа институција е токму онаа која притворената ја злоупотребила и таму се наоѓаат материјали или докази кои можат да бидат битни во истрагата за осомничената.

Притворениот градоначалник, директор, државен секретар, пратеник, министер, судија, обвинител, кој истовремено е во оставка, по сила на закон ги губи ингеренциите во својата институција и капацитетот да наредува на вработените, да одлучува, санкционира или решава, особено не за прашања поврзани со злоупотребата заради која е во притвор!

Есад Рахиќ треба да поднесе оставка од директор на истражниот затвор, доколку спротивно за правилата ја овозможил оваа комуникација спротивна на законот и притворот.

Замислете некој притворен градоначалник да даде наредба до општината за купување на ново службено возило или за отварање на тендер за набавка на нови автобуси!?!” – напиша Антонио Милошоски на својот ФБ профил.

 

 

 

Сподели: