Осудени 6 лица фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Сподели

 

Петмина македонски и еден турски државјанин се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на РС Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.