Осумнаесет години од терористичкиот напад врз „Близначките“

Сподели

 

Денеска се одбележуваат 18 години од најголемиот терористички напад досега, кога во Њујорк беа урнати кулите близначки, откако два авиони удрија во Светскиот трговски центар. Еден авион се урна во близина на зградата на Пентагон, а се урна и четврти авион во Пенсилванија, кој исто така планирал изведување на терористички напад.

 

 

Исламски терористи во САД киднапираа четири авиони од кои два завршија во Њујорк, еден во Пентагон, а еден се урна во поле откако патниците ги совладале киднаперите.

Загинаа 3.466 луѓе од кои 2.606 во Светскиот трговски центар, 265 патници и екипаж во киднапираните авиони, 125 во Пентагон. При спасувачката мисија настрадаа и 343 пожарникари, 72 полицајци и 55 војници. Загинаа и сите 19 киднапери.

 

При уривањето на кулите-близначки паднаа и две соседни згради, а уште три беа тешко оштетени. Како одговор на нападите САД ја започнаа Војната против тероризмот со инвазија на Авганистан, а потоа и на Ирак.

Светот и натаму се сеќава на најголемиот напад во историјата, кој што беше пренесуван и во живо на ТВ каналите.

На комеморацијата ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.