Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев: Мицкоски е подготвен да го жртвува датумот за НАТО и ЕУ, по цена да го запре криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за јавното обвинителство, која траеше до раните утрински часови и заврши без договор.

– Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме – истакна Заев.

„ЈО да остане како што е, односно да не одлучуваат Заев и Мицкоски беше нашиот предлог. Со тоа да и излеземе во пресрет на опозицијата, и предлогот да дојде од нив, па да оди во Парламентот, па на крај да дојде во Советот на јавни обвинители. Дадовме предлог тоа ново обвинителство да е независно и да ги има сите ресурси и да истражува висока корупција, да формира нови, но и да работи на старите случаи. Тоа значи дека може да го гони и Заев како градоначалник од 2015, но и да отвора нови предмети”, рече премиерот Заев.

Во вакви околности стана јасно дека Мицкоски е подготвен да го жртвува датумот за НАТО и ЕУ, а по цена да го запре криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Апелирам во пресрет на одлуката за датум на преговори, опозицијата да увиди колку е тоа важно. Предметите на СЈО ќе продолжат да се процесираат независно од одлуките на Заев и Мицкоски. Одговорноста за датумите ќе ја имаат само Мицкоски и опозициската партија. Треба да продолжиме со преговори и не треба да се откажеме. Се надевам дека било која идеја може да доведе до решение. Должност на сите е да ја обезбедиме иднината на предметите на СЈО и тоа мора да го гарантираме и да не дозволиме да се уништат, заташкаат и амнестираат овие предмети. Немаме друга алтернатива освен да седнеме и да преговараме. Ние донесовме многу добри закони и нашата надеж беше дека можеме да изнајдеме решение. Ние понудивме решение и рековме во ред, висока корупција. Ни треба уште позасилена борба против корупцијата. Се знае како државниот обвинител одлучува по тие предмети, и на крајот рекоа ок, но предметите да бидат во обвинителство кое шефот ќе го предложи опозицијата. Немаме предлог за тоа, но да биде целта само да се земат тие предмети е црвена линија која ние не можеме да ја допуштиме. Планот Б не е скриена варијанта. Предметите преминуваат во ЈО и ја имаат осигурано својата иднина. Вака како што се сега, државниот јавен обвинител има опција да ги распредели до надлежни обвинители. Добро е да имаме договор, оти само така ќе имаме правна држава. Договор нема, но иднината на предметите и на обвинителите на СЈО е осигурана. Сите обвинители се враќаат кој од каде дошол, можеби нема платите да им бидат исти, но се враќаат. Прашање е само дали ние политичарите знаеме да ги почитуваме црвените линии или не”, изјави премиерот Заев на денешната прес-конференција.

Тој рече дека предметите на СЈО и понатаму ќе се водат.

Сподели: