Откажани две изложби во Чифте амам заради мерки на претпазливост

Сподели

 

Националната галерија преку соопштение ги откажа двете изложби “Паднати ангели” и “Соблечени, женскиот акт како контекст” кои беа најавени во просториите на Чифте амам.

“Почитувани, со оглед на случувањата поврзани со потенцијалното ширење на корона вирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, сакаме да Ве информираме дека најавеното отворање на двете изложби кое го најавивме за утре вечер, е ОТКАЖАНО.

Сите посетители, почувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (освен понеделник) ќе може да присуствуваат на истите индивудуално и да уживаат во она што подготвивме за вас во Чифте амам.

Ви благодариме на разбирањето и Ве очекуваме.”- се нведува во соопштението на Националната галерија.