Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. “Поетска ноќ” во Велестово

Сподели

 

Во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, во сабота, 12 август, од 13:00 часот, на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов.

Познатиот уметник, при обликувањето бил инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Истиот ден, со почеток од 18:00 часот, во кафе и бар „Шила“, во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“. 

Годинава, на Поетска ноќ во Велестово, настапуваат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија),  Марко Грегур (Хрватска), Долорес  Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.

Веле Митаноски