Отворена 25-тата саемска манифестација “Денови на мед”

Сподели:

Денеска во Занаетчиски дом свечено беше отворена 25-тата саемска манифестација “Денови на мед”, во организација на Пчеларското здружение “Пчела”– Куманово, со поддршка на Општина Куманово, преку Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.

Тридневната манифестација ќе има изложбен и продажен карактер, на која ќе учествуваат 34 изложувачи (28 од Куманово, по еден од Радовиш, Битола, Кратово, Скопје, Штип) со своите пчелни производи.

На свеченото отворање се обратија поранешниот претседател на Здружението Горан Митевски, актуелниот претседател Бобан Стошевски, а манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Од името на организаторите, Димитриевски додели плакети и пофалници на најуспешните членови на Пчеларското здружение од Куманово и Скопје, за особен труд и придонес во оваа област.

Настанот го збогатија членовите на КУД “Панче Пешев” – Куманово, а присуствуваа претседателката и членови на Совет на Општината, како и претставници на општинската администрација.

Сподели: