Ова натпреварување ќе ја промени историјата на фудбалот – Ќе биде поважно од Лигата на Шампионите!

Сподели

Loading

Супер лигата на богатите не помина, но клупскиот фудбал на највисоко ниво дефинитивно многу ќе се промени.

Прво беше објавено дека форматот на Лигата на шампионите ќе се разликува од сезоната 2023/24, а сега во англиските медиуми се појавија информации дека Светското клупско првенство ќе изгледа сосема поинаку.

Последниот турнир од Светското клупско првенство на ФИФА неодамна го освои Реал Мадрид со победа над Ал Ахли во полуфиналето и Ал Хилал во финалето.

Досега форматот беше таков што победниците на континенталните натпреварувања играа на турнир на кој учествуваа шест екипи и натпреварувањето се играше секоја сезона.

Сега, од 2025 година, според „Тајмс“, натпреварувањето ќе се игра на секои четири години, а ќе се натпреваруваат дури 32 екипи!

Планот е на тој турнир да одат осум екипи од Европа, победниците на Лигата на шампионите од секоја сезона пред турнирот и осум екипи кои ќе бидат рангирани според коефициентот на УЕФА.

Тајмс не ги наведе плановите за тоа како ќе бидат распределени другите 16 места на овој турнир, но јасно е дека секој континент ќе добие одреден број тимови кои ќе ги претставуваат според нивната фудбалска сила, а голема е веројатноста тоа да биде победниците на секое континентално натпреварување од секоја сезона.

Овој турнир многу повеќе би потсетувал на Светско првенство отколку сегашното Светско клупско првенство на ФИФА што се игра секоја сезона.

The post Ова натпреварување ќе ја промени историјата на фудбалот – Ќе биде поважно од Лигата на Шампионите! first appeared on .

Powered by WPeMatico