Од 18 до 24 ноември ќе се одржи меѓународниот театарски фестивал 51. издание на Млад Отворен театар, во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.
Посветено на жената и женското авторство, годинешното издание на MOT theatre festival го става во фокус женскиот творечки глас, перспективите и авторските пристапи во современиот театар под мотото “Овојпат таа кажува”.
Програмата ја сочинуваат претстави режирани од жени, кои преку различни сценски јазици и естетики отвораат прашања за слободата, идентитетот, љубовта, општествените ограничувања и положбата на жената.
На програмата на 51. МОТ се седумте фестивалски дена исполнети со силни театарски приказни, несекојдневни сценски изрази и возбудливи уметнички средби.
Фестивалот ќе почне вечерва со „Кратки приказни“ на Театарот „Антон Подбевшек“ од Словенија, во режија на Сања Нешковиќ Першин.
Билети: bileti.mkc.mk, Промотивна цена: 400 денари
Овојпат таа кажува.


