Спорт

Падна рекорд! – Постигнат е најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата

Сподели:

Фудбалерот на Брајтон, Дани Велбек ја затресе мрежата на Саутемптон по само 74 секунди игра.

фото: (Gareth Fuller/PA via AP)(Gareth Fuller / Associated Press)

Во 34. коло од Премиер лигата силите ги одмерија Брајтон и Саутемптон. Овој гол кој го даде Велбек е и најбрзиот гол на Брајтон досега во Премиер лигата.

Пред Велбек, оваа сезона рекордот за најбрз гол го држеше фудбалерот на Ливерпул, Диого Јота, кој тоа го направи исто така против Саутемптон! Тој го постигна својот прв гол на натпреварот по 97 секунди.

Велбек оваа сезона во Брајтон одигра 21 натпревар, а ова е негов четврти гол сезонава. Да потсетиме, тој дојде во Брајтон во 2020 година, кога се пресели од Вотфорд.

The post Падна рекорд! – Постигнат е најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: