Падна Владата во Бугарија по масовните граѓански протести

Сподели:

По протестите на грраѓаните во Бугарија кои беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година, кој предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси, бугарскиот премиер Росен Жељазков и неговата влада денеска поднесоа оставка, непосредно пред гласањето нејзина недоверба во Народното собрание.

„Владата денеска поднесува оставка“, изјави премиерот Жељазков веднаш по состанокот на лидерите на владејачките партии.

Гласањето за недоверба беше поднесено минатата недела од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), а поддржано со потписите на пратениците од „Алијанса за права и слободи“ (АПС) и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ).

Барањето за оставка на владата беше поддржано од 106 пратеници, без „Против“ и без „Воздржани“.

Сподели: