Во Скопје санкционирани 211 возачи и пешаци

Сподели

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 8 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас…

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.