Парадоксот на Грејсленд: Навигирајќи ја неизвесноста

Сподели:

Во “Парадоксот на Грејсленд“, уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома се осврнуваат на испреплетените кризи на климатскиот колапс, раселувањето и технолошко-социјално отуѓување како симптоми на доцниот капитализам.

Нивните хибридни фигури и пејзажи се движат помеѓу пропастот и обновата, потсетуваат и на последиците од катастрофата и на можноста за пофер и инклузивна иднина.

Направени од биопластика, глина, кристализирана хартија и ризоми, нивните дела ги доведуваат во прашање бинарностите помеѓу човекот и нечовечкото, природата и машината, отпорот и контролата.

Изложбата “Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“ е курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како алатка за општествени промени, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и современата улога на занаетите.

РИЧАРД ДИКОН: ВО ПОТРАГА ПО НЕШТО

Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за континуирано преиспитување на смислата и значењето на константите и конвенциите на западноевропската скулпторска традиција, како и нивно редефинирање и реконцептуализирање во рамките на современата скулптура и уметност.

Сподели: