Вести Македонија

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: Време е за отчетност и одговорност! Изборите ќе донесат промени во власта која не го слушала народот

Сподели:

Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ја заокружи изборната кампања со митинг во општина Карпош, од каде побара поддршка за стабилност, единство и сплотеност, за владеење на правото и одговорно владеење.

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој е носител на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица, рече дека е дојдено време за отчетност и одговорност и дека изборите ќе донесат промени во власта која, како што рече, не го слушала народот.

 -Најавуваме еднакви бизнис-услови, поголема минимална плата, проекти за младите, реформи во судскиот систем, влез во НАТО и ЕУ, реформи во образованието и укинување на екстерното тестирање, конфискација на криминално стекнатиот имот и одговорност, рече Трајанов, повикувајќи ги граѓаните гласот на 11 декември да го дадат за искусни и докажани кандидати од Коалицијата за промени и правда.
Сподели: