Педестина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Сподели

На педесетина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, соопштија од Владата.

Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи.

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе се намалат финансиските трошоци, но и ќе се намали загаденоста на животната средина.