Клековски: ПРП терапија за повредените сега е достапна во Кочани

Сподели

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани.

“Во Општата болница во Кочани, 10 лица повредени во трагедијата беа третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити). Интервенциите ги изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.

Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!

ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа”, соопшти Клековски.

извор/фото ФЗО, Сашо Клековски