Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Мицотакис: Го обвинувам Ципрас дека рече „да“ онаму каде што 6 грчки премиери рекоа “не”

Сподели:

Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил испрати порака до Ципрас дека ќе одговара и пред народот и пред историјата за Договорот од Преспа, и додава дека се прекршени националните линии на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Наместо да земеме ерга омнес сложено име, даваме ерга омнес македонски идентитет и јазик. Време е пратениците да преземат одговорност и да одлучат: ќе кажат „да“ онаму каде што шест премиери кажаа „не“?, напиша Мицотакис на Твитер.

Заедно со пораката сподели и видео од неговиот говор на 12-от Конгрес на Нова демократија на 14 декември минатата година.

-Го обвинувам господинот Ципрас дека рече „да“ онаму каде што 6 премиери: Константинос Мицотакис, Андреас Папандреу, Костас Симитис, Костас Караманлис, Јоргос Папандреу, Андонис Самарас, рекоа „не“ за признавање на наводен македонски јазик и националност, вели лидерот на Нова демократија во изјавата од партискиот конгрес.

Видеото завршува со испишана порака до Ципрас.

-Обврзан сте, господине Ципрас да одговарате не само пред Македонците и целиот грчки народ, туку и пред историјата, му порачува Мицотакис на грчкиот премиер.

Сподели: