Вести Изјави Македонија Ударни вести

Пендаровски: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за „Рекет“ (ВИДЕО)

 

–” Една работа е работата на институцијата СЈО до овој момент и постапките кои ги воделе различни обвинители, не само Катица Јанева. Сосема друга работа е последниов случај за кој јас ургирам и од оваа позиција, како и да се сфати, до надлежните органи да ја процесираат што побрзо и што подлабоко за да не остави ни најмала дамка на работата на институцијата како таква. Да заклучам, СЈО беше и тоа како потребно во времето кога ги правевме демократските промени. СЈО во некаков облик, во некој дел од системот на редовно јавно обвинителство и те како е потребно и во наредниот период да ги процесира криминалите, не само на оние што биле на власт, туку на нас што сме денеска на власт – вели Пендаровски за РСЕ.

 

Тој изјави дека е разочаран од тоа што го слуша во последниве денови во врска со СЈО и апелира до надлежните што е можно побрзо и потемелно да ја спроведат истрагата и да не обрнуваат внимание на евентуалните политички притисоци, затоа што процесирањето на предметот е битен и за СЈО и за демократските процеси кои и престојат на земјата.

СЈО e една работа, а Рекет е друга

Пендаровски: СЈО e една работа, а Рекет е друга

Geplaatst door Radio Slobodna Evropa na Makedonski op Donderdag 18 juli 2019

Сподели: