Пендаровски: Добредојде за амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Украина во Македонија, Лариса Дир.

“Да се биде амбасадор на Украина во овие тешки времиња за земјата, која е жртва на брутална агресија од страна на Руската Федерација, е исклучителна задача.

 
 
 
 
Доаѓате во пријателска држава која секојдневно сочувствува со Вас и затоа Ве уверувам дека ќе ја имате нашата целосна поддршка, а сите наши институции ќе го олеснуваат Вашето работење и ќе се обидат да помогнат на сите можни начини.
 
Добредојде за амбасадорката Лариса Дир”, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на амбасадорката Лариса Дир.