Пендаровски: Државата да продолжи по правилен пат со предвидлива иднина и стабилност

Сподели

“На 8 мај мора да направиме максимална мобилизација за да спречиме враќање на режимот. Да не дозволиме Македонија да влезе во долгиот тунел на режим број 2.

Демократска Македонија мора да направи демократска револуција на осми мај и со заокружување на бројот 1 да направи мнозинство кое ќе овозможи државата да продолжи по правилен пат со предвидлива иднина и стабилност.

Членството во НАТО и во ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – ова ќе бидат трите клучни столбови на кои ќе се фокусирам и во следните пет години.

На 8 мај заеднички да го направиме вистинскиот избор, да заокружиме број 1 и да гласаме за човек, а не за партија.”

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски