Пендаровски на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28.

 

 

Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади, чие одржување е предвидено од 11:00 до 15:00 часот по македонско време.