Инклузивна претстава на Dancers United: Заедно сме посреќни, похрабри, посилни и посамоуверени!

Сподели

 

Во Музејот на македонската борба на 5 декември, со почеток од 20 часот ќе се одржи инклузивна танц претстава на танцовото студио Dancers United кое пред десет години ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува.

-Како почна нашата инклузивна група, кои беа нивните први чекори во танцот, нивната прва кореографија, како напредувавме и до каде стигнавме, каде сè настапувавме, се натпреваруваме, какви успеси постигнавме, како нашите танчери  со многу верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди, -велат од танцовото студио.

Инклузивната претстава е дел од програмата на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес.