Вести Македонија Ударни вести

Пендаровски: На сите припадници на Еврејската заедница празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо – Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Република Северна Македонија:

“Почитувана г-ѓа Берта Романо – Николиќ,

Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. Вам лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Северна Македонија од се срце ви посакувам празникот на покајанието, искупувањето и помирувањето да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на овој празник нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.

Дозволете во оваа прилика да го нагласам значењето на Еврејската заедница за нашата држава. Иако малобројна вашата заедница има нераскинлив удел во градењето на македонскиот соживот и во негувањето на почитта и разбирањето помеѓу припадниците на различните етнички и религиозни групи. Вашите традиции и обичаи имаат оставено длабок печат врз останатите заедници, вткајувајќи се трајно во вредностите на нашето општество. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок.

G’mar chatima tova “- честита, претседателот Стево Пендаровски

Сподели: