Активистите од „Го сакам Водно“ незадоволни од реакцијата на институциите

Сподели

 

На ден 26.август, во просториите на Град Скопје се оддржа јавна презентација на предлог студијата за валоризација на природните вредности на планината Водно.

Оваа предлог студија, како што и самиот градоначалник најави, треба да биде “стратешки документ за Водно“ и основа за изработката на Законот за Водно, кој го подготвува Град Скопје со помош на УНДП.

Нашите забелешки кои се однесуваат на оваа предлог студија беа уредно доставени до Град Скопје во предвидениот рок и се надеваме дека ќе бидат разгледани и земени во предвид. Повратна реакција од било која институција, за жал, се уште нема.

Имавме уверувања дека пред наредната јавна расправа, ќе се овозможи средба и дискусија на сите заинтересирани страни, но темпото со кое се одвиваат нештата за нас е недозволиво, потребна е многу побрза и поефикасна реакција за да законот биде што побрзо донесен и да конечно има правни основи да се интервенира на секоја злоупотреба на падините на Водно.

Во меѓувреме Градот објави тендер за Студија за туристичко-рекреативен центар на Водно.

Нејасно е како Градот очекува да биде изработена квалитетна студија за додавање содржини кога уште не се утврдени зоните на заштита и дозволените активности во заштитеното подрачје.

ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ НЕ Е ОБВРСКА САМО НА ГРАЃАНИТЕ ТУКУ И НА ИНСТИТУЦИИТЕ
Ниедно оправдување во стилот наследени проекти веќе не држи вода.

ПОТРЕБНИ СЕ ЗАКОНИ ДО КОИ СИТЕ ЌЕ СЕ ДРЖИМЕ И ЌЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ

Сакаме ред во државата и максимално ги испочитувавме сите норми на комуникација и соработка. Го очекуваме истото и од тие кои се должни да го спроведат тоа – реагираат активистите од #ГоСакамВодно.