Вести Изјави Македонија Ударни вести

Јовески: Истрага за уште четворица осомничени во „Рекет“

Сподели:

 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

– “Истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе следи обвинение за тој дел, изјави денеска Јовески.

Јовески изјави дека со тоа не го сметаат целосно исцрпен предметот „Рекет“, бидејќи обвинителството работи на утврдување на факти и околности и за други две-три дејствија.

-” Во текот на денешниот ден ќе отвориме истрага уште против четири лица. Tоа ќе биде во делот на дејствијата посочени од новинарите, во делот на исплатата на средствата од 720.000 евра од битолската фирма” – изјави државниот јавен обвинител Јовески.

 

Сподели: