Вести Изјави Македонија Ударни вести

Пендаровски: Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

“Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење.

Посакувам мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба. Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава”.

Сподели: