ПЕНДАРОВСКИ: По изборната победа, продолжување на мандатот на СЈО

Сподели

 

stevo-pendarovski

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во првата изборна единица, Стево Пендаровски, денеска, на првиот ден од изборната кампања, најави дека ако ја добијат довербата од граѓаните, ќе биде продолжен мандатот на Специјалното јавно обвинителство, а ќе бидат формирани и специјални судски одделенија за процесирање на предметите на СЈО.

Според Пендаровски, законот овозможува формирање на посебни судски одделенија, специјализирани за одредени предмети и дека тоа не претставува воспоставување на паралелен судски систем.

– По изборната победа на 11 декември, веднаш ќе се продолжи мандатот на СЈО, со што ќе се овозможи доволно време за процесирање на предметите што произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори – изјави Пендаровски.

Тој истакна дека по изборите ќе биде направен и реизбор на сите судии, за да се овозможи правично, а не судење по диктат на некоја политичка партија.