Изјави

БЕЈЛИ: Лидерите да спроведат кампања без заплашувања, насилство и без политички и меѓуетнички тензии

Сподели:

bejli8

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, се приклучи кон заедничката изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Скопје, кои во петокот порачаа дека изборите на 11 декември се можност земјата да направи нов почеток, да се обедини околу своите стратешки цели и да се врати на патот кон европската интеграција.

Бејли на својот твитер-профил ја сподели заедничката изјава на амбасадорите на земјите членки на ЕУ и напиша дека се согласува со своите колеги од Европската Унија.

„Целосно се согласувам со моите колеги од ЕУ со нивната изјава. Секој глас е важен и ги повикуваме сите граѓани да го употребат своето демократско право, да гласаат и да ја обликуваат иднината на својата земја. Лидерите треба да спроведат кампања без заплашувања и насилство и да не подгреваат политички и меѓуетнички тензии“, напиша Бејли.

Сподели: