Вести Македонија Ударни вести

Пендаровски-Радев: За перспективите во европската интеграција на РС Македонија

Сподели:

 

Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.

Сподели: