Вести Свет Ударни вести

Песочна бура во Индија – 11 загинати

Сподели:

Според првичните податоци, бурата што ја зафати индиската држава Утар Прадеш досега одзеде 11 животи, пренесува Anadolu Agency (AA).

По минатонеделната песочна бура во северниот дел на Индија, во која животот го загубија 125 лица, синоќа бура повторно го погоди подрачјето на Утар Прадеш, одземајќи 11 животи. Индиските медиуми објавија дека во бурата загинале 12 лица.

Претставник на Владата информираше дека бурата достигнала брзина и до 100 километри на час, уривајќи дрва и електрични столбови, а урнати се и десетици куќи од ќерпич.

Владин претставник информираше дека во песочната бура животот го загубиле 11 лица, а 25 се повредни.

Друг владин претставник информираше дека уништените посеви и изумрена стока од песочната бура, негативно ќе влијаат врз животот на повеќе од 100 милиони лица.

Тој додаде дека во голем број подрачја, по упатеното предупредување за бура е прекината наставата во образовнието.

Минатата недела во индиските држави Раџастан, Утар Прадеш и Утараканд песочната бура предизвика смрт на 125 лица, а ранети се повеќе стотици лица. Само во Утар Прадеш загинаа 73 лица.

Вчера во Западен Бенгал бурата и ударите од гром одзедоа најмалку 7 животи, а 15 лица се ранети.

Сподели: