За граѓаните на српската заедница 27. јануари е неработен ден

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.