Пет нови случаи на западнонилска треска

Сподели:

Во 2026 година, заклучно со 22 септември, во државата се регистрирани вкупно 70 случаи на западнонилска треска. Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни, се наведува во најновиот неделен епидемиолошки извештај на Институтот за јавно здравје за западнонилска треска во државата.

Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје, три случаи од Велес и по еден случај е од Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.

Од регистрираните случаи, 52 или 74,3% се машки, а 18 или 25,7% се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 57 (81,4%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,2 години; min 25, max 85).

Во текот на изминатата недела (16-22.09.2026), пријавени се 5 нови случаи, од нив 3 се од Скопје и по еден од Велес и Тетово, информираат од Институтот за јавно здравје.

Сподели: