Петровска: Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина

Сподели

 

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има, потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“.

“Најостро ги демантирам насловите на дел од порталите кои објавуваат невистини поврзани со моето излагање на 24 вести. Јас одговорив на прашањето дали Северна Македонија ќе испрати војници во рамките на НАТО плановите за одбрана и одвраќање. Одговорот беше во насока на тоа дека ако биде побарано од нас, ќе испратиме воени сили во земјите членки на НАТО на источната граница на Алијансата. Но таква одлука не е донесена.
 
Упатувам апел во оваа ситуација на воен конфликт во Украина изјавите поврзани со состојбата во Украина да се пренесуваат со точност, со цел да не се предизвика дополнително вознемирување на јавноста”, изјави министерката Петровска.