Петровска: Се поклонувам на храброста на украинскиот народ

Сподели

 

 

Министерката истакна дека оваа невидена агресија во 21 век резултираше со одлучност не само на украинскиот народ туку и на заедништво и поддршка на Европа и Северноатлантскиот Сојуз.

 

„Ова е година на херојство во која украинскиот народ против целосната руска инвазија на Украина покажа што може за својата татковина. Но и година на единство и сојузништво на европскиот континент. Нашето единство е нашата најголема сила. Се трудеа да нè поделат, но го постигнаа токму спротивното. Ние сме пообединети и порешителни од било кога”, рече Петровска.

Министерката порача дека Северна Македонија водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право покажа дека е цврсто посветена на поддршката и помошта на Украина.

 

 

„Нашата помош и поддршка ќе ги има се додека Украина и Украинскиот народ не го остварат своето право, слободно да се движат и живеат на сопствената територија. Помагаме и поддржуваме затоа што силно веруваме во меѓународните принципи, но пред се на правото на живот и слобода”, истакна Петровска.

Министерката се осврна на разорните слики,  уништувањето и агресијата,  кои и сама ги посведочи за време на својата посета на Украина. „Вчера се вратив од Украина и во мене носам различни чувства. Ужасеност, бес и тага за тоа што го видов. Разрушени домови, уништени детски градинки, детски игралишта“ – рече Петровска.

 

 

„Ова не е само борба на Украина ова е борба за одржување на целиот меѓународен поредок, кој се заснова на правила и принципи. Слободата нема цена, исто како што нема цена и нашата поддршка и помош за Украина“ заклучи Петровска.

На денешната конференција која се одржа во организација на НВО „Цивил” и Украинската амбасада, во Домот на Армијата во Скопје, свое обраќање имаа и Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, како и други амбасадори и дипломати, аналитичари и претставници на граѓанското општество.

Во рамки на конференцијата беше поставена изложба на фотографии „The Year of Resilience“ и промоција на книгата „Украина – Година на хероизмот”  од Џабир Дерала.