ПИСМА: Гатачка влада – Рамадан Рамадани

Сподели

Ramadan-Ramadani

Ова е веќе освен тажно и гадно. Задоцнета распадната фаза на една власт која се распознава од светските примери по тоа што странските наблудувачи или страни веќе почнуваат да не веруваат во веродостојноста на преведувачите. Кога крајно професионални преведувачи одбиваат да преведат или се црвенееат преведувајќи ако се во било каква емотивна релација со таа земја. Врачарка, мурали и слики милионски во партија, гатачката државен службеник, партиските слики со насликана мајка на некој од нив, обезбедени преку јавни пари и фондови. Имаат право тие кои не веруваат во ова, ова е просто невероватно!
Што мајка, тие кои за наше добро барале да се одвои државата од партијата сега прво треба да побараат да се одвои од гатачката? Па тек потоа од фамилијата, партијата?!
А внатре во земјата ДУИ блада дека оставила намерно настрана прашања етнички заради ЕУ и НАТО, а да оставеше прашања магични и да ја одвоеше државата од врачарката?! Па, не се влегува во ЕУ и НАТО со гатање и црни магии?! Гатачка влада.
Како после гатачка влада да не се бара ескпертска и техничка?! Некаде во свет политичарите ги фаќаат со криминал, швалерка или плачка; а тука со гатачка! Шо судбина ќе е ова, ајварска?! Дали згрешивме кога поповите и оџите се нудеа да ја благословат зградата на владата кога беше два пати гранатирана и кога изгори, што е нормално за зграда од стиропори?! Постои ли уште црквата која за Куманово коментираше дека кога двајца се караат третиот добива? Кој сега ќе добие при препирање на две страни, идолопоклоничка многубожна антика илустрирана во дополнително исчистениот Прометеј во гаќи и ова појава на гатачки?!