Алтернатива Настани

Планинарско друштво Трансверзалец – Обуки, ориентација во просторот

Сподели:

Планинарско друштво Трансверзалец, Обуки ориентација во просторот, 15. февруари

Во текот на Февруари и Март месец 2018 година ДПС Трансверзалец ќе организира Обуки за ориентација во просторот.

Обуките ќе бидат реализирани преку 4 теоретски предавања и 2 практични вежби на терен.

Теоретските предавање ќе се одвиваат во следните термини:
• 15.02.2018
• 22.02.2018
• 01.03.2018
• 15.03.2018

во време од 19.30 до 20.30 часот во просториите на ДПС Трансверзалец- Студентски парламент пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.

По завршувањето на теоретските обуки предвидено е одржување на 2 практични часа во природа во Градски Парк и на Водно со користење на топографски карти изработени од ДПС Трансверзалец.

Практичните часови ќе бидат одржани во следните термини:
• 24.03.2018 Градски Парк
• 31.03.2018 Водно
Напомена: практичниот дел од обуките ќе биде координиран според можностите на учесниците, по потреба практичните обуки може да се изведат и повеќе пати од наведеното.

Обуката ќе опфати изучување на темите:

 Што претставува Ориентација во просторот
 Начини на ориентација во просторот
 Ориентирање со топографска карта и користење на бусола(компас)
 Што значи Азимут
 Ориентирање со помош небесни тела, предмети и знаци на земјиштето
 Видови на ориентација
 Спортска и планинарска ориентација и типови на натпревари
 GPS навигација

Обуките овозможуваат теоретско и практично знаење за Ориентирањето во просторот.
На сите учесници во обуките ќе им биде овозможено да земат учество во годишната лига на спортка ориентација и лига на планинарска ориентација – учество на натпревари во Р. Македонија и странство.

Обуката ќе биде водена од лиценцирани предавачи за ориентација.
Цена на обуката изнесува 1000 ден. ( во цената се вклучени материјалите за обука, топографски карти и материјали за ориентација).
За членови на ДПС Трансверзалец со платена чланарина за 2018 год. цена на обуката изнесува 500 ден.

Обуката ќе се одржи доколку се пријават минимум 5 учесници. Доколку има пријавено повеќе од 20 учесници организаторот ќе ги подели во 2 или повеќе групи во различни термини.

Пријавување и информации за обуката најдоцна до 13.02.2018год. на телефоните:
070/317 -740 Душко Бошковски
070/641-998 Зоран Костадинов

 

Сподели: