Вести Свет Ударни вести

По „LinkedIn“ и „Yahoo“ се повлекува од Кина

Сподели:

 

Yahoo го прекинува своето присуство во Кина, поради строгите регулативи кои се наметнуваат во земјата, пренесе „Би-би-си“.

Компанијата во соопштението до јавноста вели дека одлуката се должи на „сè повеќе предизвикувачкото деловно и правно опкружување“ во Кина.

Корисниците на „Јаху“ во Кина сега се пречекани од порака која ги известува дека сајтот повеќе не е достапен.

Чекорот на Јаху следи откако и „Мајкрософт“ минатиот месец најави дека ќе го отстрани „LinkedIn“ од Кина, токму поради значително попредизвикувачката работна средина и поголемите барања за усогласеност.

Кина во моментов се наоѓа среде голема акција против големите технолошки компании – против оние од САД, но и против сопствените домашни гиганти како „Алибаба“.

Помеѓу новите закони кои беа донесени изминативе месеци е и Законот за заштита на лични информации, кој стапи на сила на 1 ноември. Овој закон воведува низа регулативи за тоа како може да се собираат и складираат податоците на корисниците, а предвидува казни и до 5 отсто од годишните приходи на компаниите.

Токму ваквите околности се причината поради која американските технолошки гиганти се повлекуваат од Кина.

Тргувањето со криптовалути е целосно забрането во земјата, а казните ги опфатија и видео-игрите, кои властите во Кина ги споредија со „дигитални дроги“. Изминатиов период беа воведени неколку правила кои сериозно го ограничуваат играњето на онлајн видео игри од страна на децата.

Сподели: