По сознанија за бегство, Чавков притворен во Шутка

Сподели

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, вчера е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство, надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднел Предлог за определување мерка притвор за М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

– По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата, се наведува во соопштението на Обвинителството.