Почина академик Ѓорѓи Филиповски, оснивачот на МАНУ

Сподели

 

 

Вчера во Скопје, на 100-годишна возраст, почина еден од оснивачите на МАНУ, Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски.

Професор Филиповски заедно со академик Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.

Академијата е основана на 23 февруари 1967 година, а прв претседател беше академик Блаже Конески.

Професор Филиповски воедно беше и меѓу основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), како и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949).