Почина Стивен Хокинг: „Интелигенцијата е способност да се адаптирате на промена“

Сподели

„Интелигенцијата е способност да се адаптирате на промена.“ – Стивен Хокинг

 

Англискиот физичар и космолог Стивен Хокинг, познат по својата работа и истражувањата за црната дупка и релативноста, почина мирно во својот дом.

За многумина тој беше најголемиот гениј на денешницата.

Стив Хокинг бил роден во Оксфорд во 1942 година и дипломирал на универзитетот за физика во Оксфорд, додека пак докторската дисертација за космологија ја бранел на универзитетот во Кембриџ. Во 1974 година, станал член на Кралското друштво од Лондон, едно од најстарите научни здруженија во светот, а потоа професор по математика и физика на универзитетот во Кембриџ, каде што некогаш предавале великани како Исак Њутн и Пол Дирак. Автор е и на книгата „Кратка историја на времето“ која во 90-те години на минатиот век беше распродадена во рекордни тиражи.

На 22 години, кога му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), докторите велеле дека му остануваат уште 2 години живот, но Стивен живееше многу подолго и засекогаш ќе биде запомнет по своите дела. Иако својот живот го помина во инвалидска количка, тоа не го спречи да ги надмине очекувањата и предвидувањата на медицината. Тој навистина максимално го искористи секој момент од својот живот.

„Алчноста, најлошата страна на човештвото, ќе ја уништи цивилизацијата.“