ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен западен ветер, само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од 6 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со умерен западен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната температура до 16 степени.

Во четврток ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.